Српскиот демограф Горан Пенев во изјава за агенцијата Бета вели дека лани со 136.000 смртни случаи се издвојува како година со најголем број на починати во Србија по Втората светска војна.

Пенев изјави дека податоците за бројот на умрените и живородените од јануари до декември 2021 година, објавени во последниот извештај на Републичкиот завод за статистика (РССС), ги потврдуваат претходните предвидувања дека минатата година била „исклучителна“ во однос на природните движења на населението во Србија. Тој посочи дека причина за таквите движења е првенствено пандемијата Ковид-19, но во голема мера и дека тие се продолжение на долгорочните, децениски трендови на морталитет и феретилитет на населението.

Според официјалните податоци на Републичкиот завод за статистика, во 2021 година имало 62.062 живородени и 135.901 починати. Негативниот природен прираст изнесува 73.839 и е еден од најголемите во последните неколку децении. Србија лани поради негативниот природен прираст губеше по 202 жители секој ден.

„Што се однесува до месечните податоци за декември 2021 година, забележливо е дека со вкупно 12.409 починати, бројката е значително помала од ноември и октомври, кога вкупната смртност изнесуваше околу 15.000 лица. Намалувањето е уште поизразено во однос на декември 2020. Сепак, треба да се има предвид дека минатата година најголем број смртни случаи се регистрирани во ноември и октомври, а дека во декември 2020 година, со над 17.000 смртни случаи, не само што е регистриран најголем број на смртни случаи за време на пандемијата туку и изминатите 75 години“, изјави Пенев.

Доколку, пак, се споредат податоците за декември 2021 година со соодветните за истиот месец 2019 година, т.е. минатата година, бројот на починати бил за над 45 отсто поголем, додаде тој. Според него, минатата година беше во исто време и година со најголем, и апсолутно и релативно, пораст на бројот на починати лица.

„Во споредба со конечните резултати за првата година од пандемијата, бројот на починати е поголем за 19.000 или 16,6 отсто, додека во однос на 2019 година стапката на смртност е поголема за огромни 34.400 или 33,9 отсто“, истакна демографот.