Српскиот научник Владимир Цмиљановиќ и неговата сестра Наташа пронајдоа лек против рак! Србија и Швајцарија ќе бидат првите земји кои ќе го добијат лекот.
Откритието на Цмиљановиќ и неговата сестра предизвика револуција во класичното лечење на болните од рак, бидејќи лекот „бимиралисиб“, се покажа како ефикасен кај одредени тврди тумори, како што е најагресивниот рак на дојка и не-Хоџкиновиот лимфом. Покрај тоа, супстанцијата од тој лек навлегува во мозокот, па постои надеж за успешен третман на одредени тумори на мозокот, додека локалната апликација на крема или гел, исто така, покажува ефикасноста за одредени тумори на кожата.
Поради ова откритие, Цмиљановиќ стана планета-признат научник, а неговите пронајдоци беа препознаени од целиот свет.
Лекот „бимиралисиб” ги уништува заболените клетки и го штити здравјето, додека класичната хемотерапија, која е ужасно болна, ги уништува канцерогените и здрави клетки и го ослабнува имунитетот на исцрпените пациенти. Во моментов, лекот е во втората фаза на испитувањето, од трите предвидени.
Покрај тоа, Цмиљановиќ и неговиот тим разбиваат и еден стереотип поврзан со третманот на пациентите со рак.
Имено, лекарите во терапијата на болните воведуваат диети за да ги убијат канцерогените клетки, но Цмиљановик ги советува своите пациенти да јадат здрава храна, од овошје до зеленчук и месо.
– И не само тоа, професорот Луис Кентли од Харвард смета дека комбинацијата на нашиот лек и Еткинсон- диетата има подобар ефект. Ова сега се истражува во Америка од страна на пациентите. Таа диета подразбира да се јаде сè, само не храна со многу шеќер и јаглехидрати, како што се тестенини, торти и колачи, вели Цмиљановиќ.
Според него, овој лек го користат неговите пациенти ширум светот, но исто така и луѓе од Србија и Босна и Херцеговина.
– Србија сигурно ќе биде земја, која со Швајцарија, прва ќе ги добие сите наши пронајдоци и изуми. Во моментов интензивно работиме со нашата Влада, претседателот, премиерот и министрите нашите пронајдоци и натаму да се унапредат во Србија и нашите пациенти да имаат корист од тоа. Земјата е мотивирана и заинтересирана да ни помогне и сигурен сум дека ќе најдеме добро решение – најавува тој.
Цмиљановиќ вели дека не соработува со ниту една фармацевтска компанија, тој веќе отвори своја фирма.
– Нашите швајцарски ракети се нови технологии во борбата против ракот и сакаме буквално да уништиме одредени агресивни ракови. Србија и српските онколози ќе играат голема улога во ова, вели Цмиљановиќ.