Претседателот на Комисијата за надворешни работи на српското Собрание, Борко Стефановиќ,  закажа за в среда состанок на комисијата, на која ќе се расправа за Предлог-резолуцијата за усогласување на надворешната политика на Србија со Европската унија, како и за воведување одредени санкции против Русија.

Стефановиќ  во денешното соопштение наведе дека досега не ја закажал седницата, бидејќи го чекал извештајот и анализата на МНР за усогласувањето на Надворешната политика на Србија со ЕУ, пренесе Бета.

„Седницата ќе биде можност сите партии да ги изнесат своите аргументи преку отворена дебата, по што ќе може да се гласа“, неведе тој.

На седницата, како што додаде Стефановиќ, ќе се расправа и ќе се одлучува за сите останати пристигнати иницијативи и предлог-резолуции поднесени од пратеничките групи во српскиот Парламент.