Српскиот пејач Никола Роквиќ денеска пеш тргна кон Грција во рамки на хуманитарна мисија.
Тој решил да ја испешачи патеката долга 1.150 километри за да стигне до Егина, каде ќе се поклони на Свети Нектариј Егински, а на Инстаграм претходно објасни како три години се подготвувал за овој потфат, пишува српски Блиц.
„Само ќе ви откријам дека три години духовно и психички се подготвувам за овој потфат… Последниве неколку месеци и мене ми дојде ред да се подготвам физички… Ќе дознаете многу брзо.“ напишал тој на крајот на март.
„По овој пат решив да тргнам од љубов кон луѓето, се надевам дека тоа ќе биде за радост, растење и помош на многумина, пред сѐ за да им помогнам на многу семејства и деца, но најважно, да им помогнам на болните деца, за кои јас во голема мера тргнав на овој пат“, изјави тој, додавајќи дека тој и неговата сопруга Бојана ја основале фондацијата „Породица“, која ќе им помага на семејствата и талентираните и болни деца.
„Сонцето денес грее со причина“, напишала неговата сопруга Бојана на Инстаграм, но не сакала да открие детали од неговиот план.