ПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ. Веќе со месеци говориме за српскиот свет што го води СДС, преку Башановиќ и Милјан Шчекиќ, а Филипче и другарите само испорачуваат, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Доказ за тоа дека Филипче и СДС слугуваат на српскиот свет е токму оваа фотографија, едно од многуте соопштенија коишто Башановиќ и Шчекиќ ги пишуваат за СДС, ама не го владеат добро македонскиот јазик, па затоа честопати се забележуваат и печатни грешки, додаде Манасиевски.
„Она што го слушате од Филипче кога ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ, впрочем е насока од српскиот или бугарскиот свет за кого Венко одработува.
СДС со Филипче и Заев поради многу контроверзии со кои се соочуваат, мораат да се продадат на некој друг, бидејќи тука во Македонија не ги сакаат.
Едниот криминалец со тапија, а другиот без. Наместо да се заангажираат за Македонија, тие работат за уништување и потчинување на државата, работејќи за странски служби“, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.




