Поради блокада на работата на американската влада како и на Амбасадата на САД во Белград, весникот „Српски телеграф“ на амбасадорот Кајл Скот му подготви пакет со најосновни намирници што треба да му помогнат да преживее додека претседателот Доналд Трамп не одблокира финансирање на администрацијата.
Како што објави весникот во денешното издание, во пакетот адресиран до амбасадорот и предаден на пријавница на амбасадата, уредништвото на весникот му спакувале: литар масло за јадење, килограм шеќер, килограм брашно, килограм јаболки леб и 200 грама чварки.
По детална контрола, службеници од амбасадата го презеле пакетот, нагласува весникот.