Со молитва и порака за единство, кандидатката за градоначалник на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес го најави почетокот на својата кампања. Таа порача дека во фокусот ќе бидат потребите на граѓаните и дека токму нивните зборови и искуства ќе бидат темел на програмата за иднината на општината.
– Со смирено срце и одлучност го започнувам патот што води до секој од вас – во секое маало и на секоја улица во нашата Кисела Вода. Верувам дека само со чиста намера и искрена посветеност можеме да градиме иднина каква што заслужуваме, порача Стаменкоска Трајкоска.
Таа нагласи дека Кисела Вода веќе е успешна општина, но потенцира дека „заедно можеме уште повеќе“.
– Со нова енергија и силна волја ќе го подигнеме гласот на граѓаните и ќе продолжиме да ја градиме нашата општина, додаде кандидатката.
Со оваа порака, Стаменкоска Трајкоска ја започнува својата изборна трка, а акцентот го става на директната комуникација со жителите на Кисела Вода и на создавање програма која ќе произлезе од нивните потреби и предлози.