Зошто претседателот Пендаровски молчи и не излегува со став зошто го дал мандатот на човек кој се прогласил за трајно неспособен за да избегне да извшува должност, изјави за „Што не е јасно“ на Алфа телевизија пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајковска, во врска со скандалот за премиерот Ковачевски кој е заведен како трајно неспособен за да не оди во војска.

Стаменкоска Трајковска потсети дека реакциите се големи затоа што се работи за премиер на државата и посочи дека кога СДСМ се обидува да го брани Ковачевски заборава дека министерство за одбрана ја потврди информацијата.

– Реакциите во јавноста се големи, факт е дека треба да се има професионалност. СДСМ сега забораваат да го кажат ставот на министерството за одбрана. Зошто министерството за одбрана оваа условно кажано тајна, не реагирало благовремено, за овој човек да не биде именуван како премиер на државата? – прашува таа.

Стаменкоска Трајковска истакна дека Ковачевски ја одбегнал таа негова должност и сега прашање е дали денес ќе ја исполнува неговата работа како премиер чесно, совесно и одговорно спрема државата и граѓаните.

Таа посочи дека ваквиот однос на власта трае изминативе 5 години македонскте граѓани со СДСМ и ДУИ живеат живот кој не го заслужуваат, живот под стандардите на секое нормално човечко живеење и функционирање.

– Секојдневно сме сведоци дека дното од страна на власта се пробива, сведоци сме на скандали, а не сме сведоци на реализирање на проекти или добри информации. Тоа резултира во сите сфери во општеството, економијата, образованието и сите останати, изјави Стаменкоска Трајковска.

Таа нагласи дека потребно е квалитетно, професионално и чесно управување со државата, затоа ни се потребни предвремени парламентарни избори кои ќе не однесат во квалитетен правец затоа што ја гледаме волјата на народот во јавноста.