Пратеничката Славјанка Петровска од редовите на партијата која со политичко и национално харакири ги прифати уставните измени и внес на Бугарите во Уставот, во време кога цела Македонија им велеше да не го прават тоа и време кога знаеја дека немаат парламентарно мнозинство за да го сторат и споведат ветеното и преземеното, денеска со саде една третина од тогашните пратеници во коалицијата и во опозиција побара истите да се спроведат.
-Република Македонија има шанса да ги започне преговорите, да ги отвори поглавјата и да го забрза патот кон пристапување на Европската унија. Јас очекувам дека во извештајот и во она што комисијата ќе го презентира ќе биде дадена насока на она што е реалноста и покрај тоа што ќе следуваат изјави дека сите ние имаме заложба да направиме нешто. И навистина е важно да направиме важен исчекор во пристапувањето кон Европската Унија. И по посетата на претседателката на комисијата Фон дер Лајен, јасно беше што Македонија треба да направи во тој процес, рече Славјанка Петровска.
Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски претходно посочи дека има јасна цел, а тоа е да се отвори кластерот фундаментални вредности што е можно побргу.
-Речиси сме таму, треба да поминат уставните промени, кои вашата држава се согласи дека ќе ги направи, и со заеднички дијалог се надевам дека сите политички сили ќе се здружат во земјата и ќе ги преземат потребните одлучни чекори за напредок и уверена сум дека можеме да ги надминеме пречките што постојат, рече таа за уставните измени, обврска која ја презема нејзината влада предводена од Ковачевски, прифаќајки услов кој ги заглави и закопа македонските евроинтеграции.
Цаци, по ново, како и сите од коалицијата на СДСМ, сега велат Македонија, без употреба на придавката која како влада ја потенцираа и повеќе од што треба.