Новиот тренер на белградска Црвена звезда, некогашниот прославен фудбалер Дејан Станковиќ, на презентацијата изјави дека е среќен што се враќа во клубот во кој ја почна кариерата, а честитка добил и од Жозе Мурињо.
„Многу научив од моите ментори, ќе ги земам трпението на Ериксон, работата на терен од Манчини, карактерот на Мурињо, истрајноста на Михајловиќ. Велат дека немам искуство, но ќе се борам како лав. Мурињо падна во несвест, не можеше да верува, ме праша Деки зарем ти? Ми посака среќа“ – рече Станковиќ кој рече дека ќе бара совети, но одлуките ќе ги носи сам.
Инаку, на социјалните мрежи се појави заедничка фотографија на досегашниот тренер Владан Милојевиќ кој се повлече, и новиот Станковиќ.
„Тоа е нашата Звезда. Долго сум во фудбалот, ама не паметам поранешниот тренер да бил толку среќен и пријателски расположен кон тој што го заменува“ – вели Станковиќ.