Куќата на тренерот на фудбалскиот клуб Реал Мадрид, Зинедин Зидан, во близина на градот Алмерија, е ограбена.

Во јуни Зидан беше една од жртвите на серијата грабежи во домовите на фудбалери и тренери низ Шпанија, а сега и неговата викендичка во која тој оди кога сака да одмори, беше мета на напад. Таа куќа е единствената со базен во местото и веројатно тоа ги привлекло крадците, но не е луксузна како некои други што ги поседува Зидан.

Според информациите на шпанските медиуми, куќата била празна кога влегле крадците, а соседите пријавиле во полиција.

Засега нема повеќе детали околу грабежот.