Претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева – Старделова прави се веќе подолг период, односно повеќе од две години само да остане на функцијата прв човек на ова еснафско здружение. Иако има Одлука од Антокорупциската комоисија дека има судир на интереси, односно дека Старделова не може да биде и претседател на Комората и директор на Клиниката за гастроентерохепатологија, таа овој правен акт го игнорира.
Антикорупциска во ноември 2019 година донесе Одлука со која пресече дека Старделова може да биде само директор на клиника или претседател на ЛКМ. Во Одлуката се вели дека таа како претседател на ЛКМ не можеа да ја контролира и работата како директор на Клиниката за гастроентерохепатологија, односно не може да ја оценува сопствената работа. Но, Старделова ја игнорира Одлуката повеќе од две години.
Оправдувајќи се со корона пандемијата таа самата си го продолжи мандатот како претседателка на Лекарската комора. Старделова си го продолжи мандатот како претседател на ЛКМ за околу година и половина со образложение дека за време на корона не може да спроведе избори. Праксата говори дека таа можеше да направи такво нешто.
Критиките се главно за тоа дека не се прецизирани постоечките акти, како и начинот на спроведување на самите избори или дека истите планира да ги спроведува далеку од очите на јавноста или народски кажано во нејзината канцеларија.
Во Статутот на Комората од 2019 година прецизно се наведени сите акти на Комората меѓу кои и Правилникот за избори и отповикување. Притоа јасно стои дека Комората се обврзува во наредните шест месеци да ги усогласи актите и јавно да ги објави. Сето ова не е реализирано“, коментираат упатените.
Правниците додаваат дека може да се толкува дека овие избори за Лекарската комора се незаконски и нестатутарни.
Бидејќи нема усогласување на актите со Статутот може да се заклучи и дека изборите во Комората не можат да произведат правно дејство. Согласно со ова самата одлука за избори и изборот на нов претседател на Лекарската комора нема да доведе до правен ефект – коментираат правниците.
Дополнително, велат правниците, имајќи во предвид дека секогаш се појавуваат апетити да се остане на функција, а тоа најчесто е проткаено со неправилности, добро е да се прецизира во Правилниот дека за истите треба да има набљудувачи. Правилникот тоа не го забранува, но според нив добро е да се прецизира истото.