Вакцините против Ковид-19 не требаше да се препорачуваат за сите деца на возраст од 5 и повеќе години, изјави Сорен Бростром, генерален директор на данската здравствена управа

Според неговата изјавата за ТВ 2, масовното вакциирање на децата било грешка, а заклучкот го извел врз основа на знаењето што се акумулирало од крајот на 2021 година.

Децата на возраст од 5 до 15 години во Данска, односно нивните родители, беа советувани да примат вакцина кога варијантата омикрон стана доминантна низ целиот свет.

Студиите за ефектите на вакцините покажаа дека тие даваат мала заштита од инфекција од вирусот. Истражувањата, исто така, сè повеќе укажуваат дека вакцините не штитат добро од тешки болести кај децата, кои во голема мера се изложени на мал ризик од тешки исходи доколку го добијат вирусот.

„Децата и адолесцентите многу ретко имаат сериозен тек на КОВИД-19 со варијантата Омикрон, поради што вакцинирањето акј децата треба да се ограничи врз основа на конкретна медицинска проценка“, соопштија данските власти.

Во исто време, и оокрај страотно големиот број извештати за несаканите ефекти до вакцините, Бростром ги охрабри возрасните да се вакцинираат и, ако веќе примиле примарна серија, да добијат бустер, а ако веќе примиле бустер, да добијат четврта вакцина. 

До 15 јуни 2022 година, приближно 85 отсто од Данците примиле една доза вакцина, околу 77 отсто примиле две или три дози, а околу 66 отсто примиле четири дози, според данскиот регистар за вакцинација.

Околу 40 отсто од децата се вакцинирани, пред властите да сфатат дека тоа било грешка.