Политиката на британскиот премиер Борис Џонсон кон Брегзит го води Обединетото Кралство во пропаст, изјави шкотската премиерка Никола Старџен.

Таа упати остри критики кон Џонсон пред нивната прва средба во Шкотска.

– Народот во Шкотска не гласаше за оваа ториевска (конзервативна) влада, не гласаше за новиот премиер, ниту за Брегзит и секако не гласаше за катастрофален Брегзит без договор, кој Борис Џонсон сега го планира, нагласи Старџен.

Според неа, единствена цел на Џонсон е да ги извади Шкотска и Обединетото Кралство од ЕУ без никаков договор.

– Шкотска е игнорирана во текот на процесот на Брегзит и сега е време да се соберат сите оние кои се загрижени за иднината на Шкотска и заедно да го трасираат патот, а на ториевците да им порачаат да престанат да ја вовлекуваат нашата земја во пропаст, додаде Старџе