Британскиот премиер Кир Стармер денеска во Тирана изјави дека „Путин не е сериозен во врска со мирот и ги одолговлекува работите“.
Страмер, кој учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана, одговарајќи на новинарско прашање, изракна дека „она што го видовме вчера е уште еден доказ дека Путин не е сериозен во врска со мирот и ги одолговлекува работите“.
– Затоа е неопходно да имаме апсолутно единство со нашите сојузници и денеска ќе разговараме за тоа, за да биде јасно дека има прекин на огнот. Исто така, да биде јасно, ако не дејствуваме заедно за санкциите, нема да има прекин на огнот, посочи Стармер.
Тој додаде дека „денеска е важна, вистинска можност, да се работи со колегите за да бидеме целосно обединети, претседателот Зеленски ќе биде тука, ќе разговараме за тоа со него“.
На прашањето како одвиваат разговорите за Брегзит, британскиот премиер рече дека „всушност, во изминатите две недели видовме трговски договор помеѓу Индија и САД, што е многу важно, мислам дека тоа ќе продолжи. В понеделник ќе има нешто што ќе биде многу важен момент за подобрување на животот на работниците. Ова е многу позитивно за да се радуваме на Самитот во понеделник“.
фото: Архива