ДЗС: Раст од 4,5 проценти на индустриското произвдоство од јануари до август

Индустриското производство во август година, во однос на август лани е намалено за 1,4 проценти, додека во периодот јануари-август  годинава во однос на истиот период од минатата година бележи зголемување за 4,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август годинава споредено со август лани  бележи пораст од 12,8 проценти, како и од 3,7 проценти во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, а опаѓање од 3,5 проценти во секторот Преработувачка индустрија. Намалувањето во овој сектор  е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во одделите: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во август 2021 година, во однос на август 2020 година, бележи опаѓање кајЕнергија за 9,9 проценти, Капитални производи за 24,6 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,2 проценти. Пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 24,5 проценти и Трајни производи за широка потрошувачка за 13,4 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. лв/ац/

ДЗС: Намален за 1,7 отсто бројот на работниците во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во август годинава во однос на август лани е намален за 1,7 отсто, а во периодот јануари – август годинава, во однос на период лани има пад од 2,1 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во секторот Рударство и вадење на камен во август годинава споредено со август минатата година има опаѓање на бројот на работници од 7,5 проценти, во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од два отсто, а во секторот Преработувачка индустрија од 1,3 проценти.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2021 година, во однос на август 2020 година, бележи опаѓање кај Енергија за 3,4 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,5 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,3 проценти, додека пораст бележи кај Капитални производи за шест проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,7 проценти.