Најголем дел од домаќинствата во земјава или една третина живеат во трисобен стан меѓу 51 и 70 метри квадратни. Над две третини имале автомобил и клима-уред, а само 40 отсто велосипед. Речиси половината имале персонален компјутер, поврзан на Интернет, додека мобилен телефон имале над 92%, радио 28% и телефон само 22 проценти.
Во просек од тројца членови на домаќинството во работен однос бил еден. Просечниот број на членови во домаќинствата изнесува 3,05, во работен однос во просек биле 1,13. Издржувани биле 1,15 членови, а 0,67 членови со лични приходи. Самовработени лица биле 0,03, а активни земјоделци 0,07, покажуваат податоците од „Статистичкиот годишник на Република Македонија 2025“ на Државниот завод за статистика.
Според снабденоста со трајни добра на домаќинствата над 97% од домаќинствата имале електричен шпорет, бојлер, фрижидер, машина за перење, пегла и телевизор. Правосмукалка 93%, а клима-уред 66,7%. Фрижидер за длабоко замрзнување (58,7%), машина за миење садови (40,6%). Радио имале 28%, а 13,7% фотоапарат.
Патнички автомобил имале две третини од домаќинствата или 67,8%, велосипед 40%, а мотор 7,7%.
Мобилен телефон имале над 90 проценти, а телефон само 22%. Персонален компјутер, поврзан на Интернет речиси половина од домаќинствата (46,5%),
Водовод и електрична енергија имале сите домаќинства, а одвод 99,8%. Телефонски приклучок имале 54,5%, а само 15,3% централно парно греење.
Најголемиот дел од домаќинствата изминатата година се грееле на печки и тоа над 71% на цврсти горива, додека 20,7% на струја. На 5 проценти имале сопствено парно греење, а 2,9% на централно парно греење.
Над 92,7% од домаќинствата живееле во сопствен стан, 5,1% кај родител, деца или други роднини и 2% во стан под закуп.
Според површината на станот што се користел една третина или 32% живееле во стан меѓу 51 и 70 метри квадратни. Над 26% живееле во стан меѓу 81 и 100 метри квадратни. Околу 10 проценти живееле во стан меѓу 31 и 50 метри квадратни, додека над 14,5% во стан со над 100 квадратни метри површина.
Најголем дел од домаќинствата или 36,3 проценти живеат во трисобен стан, 28,6% во четирисобен или поголем, а 26,4% во двособен стан. Во еднособен стан или гарсоњера живеат 4,5% до домаќинствата.
Податоците се добиени врз основа на статистичкото истражување „Анкета за потрошувачката на домаќинствата“, спроведено во текот на 2024 година на 5040 домаќинства. Анкетирани се 2 914 семејства, додека бројот на оценети семејства е 598 632, од кои најголемиот број 92,7 проценти се неземјоделски (555 079), 5,2% се мешовити (31 373), а само 2% се земјоделски (12 180).
Фото: архива




