Политичарите од власта и владејачките партии, повикувајќи се на статистички податоци, секојдневно соопштуваат „историски подвизи“ за зголемени плати и „историски пад на невработноста“ за период во кој без работа останаа 50.000 работници, а само во првите шест месеци од годинава пропаднале речиси 5.000 компании.
Во првите шест месеци од 2021 година од Централниот регистар на Македонија се избришани 4.998 фирми, а за споредба лани за истиот период таа бројка е 4.704.
Како што објави порталот МКД, најголемиот број од пропаднатите 3.224 фирми се избришани затоа што не поднеле на време завршна сметка.
Од почеток на ковид-кризата без работа останаа околу 50.000 лица. Според податоците на Агенцијата за вработување бројот на невработени лица во Македонија е околу 150.000.
Во 2017 од списокот на Централниот регистар биле избришани 10.628, во 2018 година 6.864, а во 2019 – 7.234 фирми.