Државниот завод за статистика објави дека растот на БДП во првиот квартал годинава е 4,1 отсто.

Според податоците во првото тримесечје годинава, најголем пораст е забележан во земјоделството, шумарство и рибарство од 13,6 отсто, градежништво од седум отсто и трговијата на големо и трговијата на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 6,6 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции што им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2019 година номинално растеле за 3,9 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 63,5 отсто.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 14,9 отсто, покажуват податоците, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 12,6 отсто.