Орце ја одбра борбата за Скопје. Таа ќе биде тешка. Да му се придружиме да победи. Таа е и наша битка.
Ова се истакнува во пораката од Милан Стефаноски, која во продолжение ја објавуваме во целост:
Прво,
Никој не може да го има Скопје, туку Скопје го поседува секој еден од нас!
Скопје, ако ги отвориш срцето и умот те поскопјанчува. Ако дозволиш, Скопје те прави господин и те превоспитува.
Скопје е институција, главен град, културната воздишка и историскиот момент на државата.
Клучното прашање на секој од нас кој има чест да живее во Скопје е што е Скопје?!
Од призмата на моите очи и душа кои Скопје го гледаат од 2000 година кога и се доселив.
За мене Скопје е културна револуција за секоја единка. Најпосакуваниот град за создавање преспектива.
Тоа е градот на опјоните мириси на липата кои го пречекуваат летото и мирисот на маглата која ја креира зимската романса.
Тоа е градот на симитот од Чаир и бурекот од пазарче Буњаковец.
Градот на сендвичот од 7ца и ќебапот од Чаршија.
Домот на убавата чорба од Бристол или Дојрана.
Градот на зурлите и тапаните кои го означуваат секој успех во животот и убавите моменти на матурата, дипломската или веридбата.
Тоа е градот на Соборниот храм на црквата каде се слуша детскиот плач, судбиносното ДА и велигденската магија.
Тоа е градот на секоја голема средношколска и студенска љубов.
Градот на љубовните воздишки на Водно и градскиот парк и љубовните разочарувања на кејот.
Тоа е градот на споменикот на Александар, градот на музети и галериите.
Градот на Мајка Тереза на Влатко и Горан Стефаноски.
Домот на Тоше Проевски, Есма Реџепова и Дарко Панчев
На сите знајни и незнајни легенди, боеми и спортисти.
Градот на маалата и малскиот живот.
Градот на другарите од средно и колегите од факултет.
Скопје те пречекува со патриотското Ѓорче, а те испраќа со борбената Автокоманда.
Домот на сите наши политичари и историчари, но и на професори и хедонисти.
Домот на спортот, Водно, Матка и Катланово.
На чуварите на Скопје, Комитите.
На гордоста на Скопје, ФК Вардар.
Градот на преспективите и прогресот.
Главниот град на славната историја на Македонија.
Скопје е град кои во секое ќоше има магија и мирис на минатото.
Може многу да набројувам.
Скопје мене ми даде многу, а јас му вратив со почит и љубов.
Тој е град каде што треба да се почитува асфалтот, улицата и ликовите.
Ако го сакаш Скопје и тој ќе те сака тебе.
Скопје се чува.
Тој може да биде зелен и урбан град.
Чест ми е што на Скопје му дадов 25 години од мојот живот, а тој ми ги поклони сите среќни моменти.
Моите ќерки Зои, Кира и Ника се прва генерација родени во Скопје и тоа ќе биде нивна чест цел нивни живот.
Јас и мојата сопруга сме дојдени во Скопје и дозволивме Градот да не’ направи подобри луѓе.
Скопје е мој и Ваш Град.
И, тој заслужува да го води Орце Ѓоргиевски.
Затоа што од сето ова погоре знам дека Орце го носи во срцето и душата.
Го знам татко му, еснаф човек.
Дете од фамилија што би рекле постарите.
Си држи до зборот и образот.
Знам дека Камениот мост, Калето, Водно, Матка, музеите и театрите ќе имаат светли моменти и ќе создаваат нови приказни.
Знам дека чистењето отпад ќе биде дневна рутина.
Орце е човек од нашата генерација.
Онаа која транзицијата ги повреди до таа мера што сме спремни да го обновиме Скопје, жртвувајќи го нашето секојдневие и мерен семеен живот.
Орце ја одбра борбата за Скопје.
Таа ќе биде тешка.
Да му се придружиме да победи.
Таа е и наша битка.
Милан Стефаноски, Скопје 27.10.2025




