Кој е човеков кој сака да биде прв човек на престолнината на Македонија?- пишува аналитичарот Милан Стефаноски за кандидатот на Левица за градоначалник на Скопје и ТВ дуелот меѓу Орце Ѓеорѓиевски и Амар Мециновиќ.

Во продолжение целата објава на Стефановски:

Она кое јас го видов на тет а тет ТВ дуелот со Орце е дека станува збор за политички шарлатан и квази левичар.

Она кое беше воочливо е дека станува збор за незрела политичка фигура олицетворена во деструктивна левичарска идеологија.

Ако Данела се профилираше како десничар, тие (Левица) де факто се во коалиција со десни интереси заради бизнис интереси.

Левица е на власт во овие 4 години во главниот град Скопје со неколку директори.

Проверете нивниот директор на Градски библиотеки колку пати е отиден на пат надвор од МК, а Градска Библиотека е во очајна состојба.

Левица Де Факто е во коалиција со ДУИ на ниво на Град Скопје.

Тоа ви е доволен индикатор како Левица би владеела на ниво на Град или, не дај Боже, Држава.

Левица е партија со ретроградна и деструктивна идеологија.

Таа се храни со деструкција, конфликти, револуција и отпор.

На Левица и треба Град Скопје за да продолжи да се конфротира со Владата и ВМРО ДПМНЕ, тоа им е единствен буст на нивниот рејтинг кој после овие избори ќе почне да тоне.

Да се вратиме на онаа несреќа Амар.

Човекот немаше базично познавање на политиките на Градот.

Човекот поим немаше колку јавни претпријатија и Средни училишта се под ингеренции на Град Скопје.

Поим нема што им треба на скопјани.

Тој на ТВ беше за да го воодушеви Димче Апасиев Алијас УМС на ВМРО ДПМНЕ.

Да приминеме на посериозни прашања.

Ајде, да разгледаме и вакво сценарио.

Амар има поднесено закон за признавање на држава Палестина?

Дали ќе го руши музејот на холокаустот во Скопје?

Дали ќе го забратими Скопје со некои од градовите во Појасот Газа и како тоа ќе влијае на односите со нашите стратешки партнери САД и Израел.

Дали случајно Скопје би станало прибежиште на Хамас и други терористички организации.

Второ,

Какви односи ќе гради како прв човек на главниот град со Вашингтон, кога за Левица и Апасиев, САД се гувернатори и фашисти.

Какви односи ќе гради Амар со градовите од цела западна хемисфера кога сите се градови членки на НАТО, а за Левица НАТО е фашистичка рака.

Дали Амар ќе го направи Скопје како Рамала, каде загадувањето и конфликтите се нормална работа..

Итн, итн..

Опасно е Амар да биде прв човек на градот.

Тоа ќе биде мегдан за пресметка, а Скопје ќе страда.

Ако, не дај боже, победи Амар, коалицијата со Данела и ДУИ само ќе се продолжи.

Човекот има нереализирано образование, и можеби би бил прв градоначалник во Европа со средно.

Она. за кое самиот Амар не е свесен дека благе везе нема пратеничката со градоначалничката функција.

Додека тој ден губел со амандмани и предлог закони за признавање на Палестина (Дом на терористичката Хамас), Орце рано наутро го чистеше ѓубрето кои на Амара коалициската партнерка не беше способна да го менаџира отпадот.

Седење во фотења и јадење бубрези во Собрание за небитни работи и водење сериозна општина како Кисела Вода едноставно нема споредба.

Орце водел Општина и решавал проблеми, Амар имал активност со поднесување амандмани за блокирање на некој проект на Владата.

Разликата е како Бог и шеширџија меѓу Орце и Амар.

Во Недела со УМ, не ни треба нова Палестина.

Што се однесува до мене, Орце е веќе градоначалник и во првиот круг и после ТВ дуелот.

Милан Стефаноски, Скопје, 31 октомври 2025 г.