Аналитичарот Милан Стефановски во своето гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија со Љупчо Цветановски рече дека на СДСМ во генезата им е да се хранат со некрофилство и политичко лешинарство, милејќи на злоупотребата на кочанската трагедија.
-Кочанската трагедија е една од најголемите трагедии во независна Македонија и во најмала рака треба да има една најмала политичка коректност и едно соочуство до семејствата на луѓето кои загинаа и тоа е најмало што ние како општество можеме да го дадеме. Мене СДСМ не ме чуди, јас во моите изјави неколку пати тоа го имам нотирано, тие во нивната генеза, практично се хранат со некрофилство, политичко лешинарство, рече Стефановски..
За ситни политички поени ги злоупотребуваат емоците на луѓето, вели понатаму Стефковски.
-Кога немате рејтинг, кога немате идеја како да се етаблирате во јавноста, ви останува оној најдолен, најнеморален чин, тоа е да се обидете да соберете некое ситно политичко поенче со злоупотреба на тие емоции на тие луѓе и тоа говори за нив, за нивната срамност, за нивната безидејнос и за тоа ниско ниво на политичка култура и политичко етаблирање. Мене не ме чуди, затоа и во нивно време кога беа на власт, Филипче тогаш беше министер за здраство, му се случи една огромна трагедија во тетовската болница, вака немав впечаток дека него како човек тоа нешто посебно го допре или СДСМ и они веројатно се научени така да функционираат. Но, за среќа граѓаните тоа го препознаваат и тоа може да го видиме низ актуелните Анкети, појасни Стефковски.
Во продолжение погледнетеја целата емисија: