Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе ја посети Кина од 24 до 26 април, соопшти синоќа американскиот Стејт департмент.

Теми на разговор ќе бидат Украина, Блискиот Исток и ситуацијата во Јужното Кинеско Море.

Според висок американски функционер, Блинкен има намера да изврши притисок врз Кина поради воената поддршка што и ја дава на Русија. Тој е подготвен да дејствува против кинеските компании кои и помагаат на Москва во воените дејствија во Украина.

„Подготвени сме да преземеме чекори против компаниите кои … ја поткопуваат безбедноста и во Украина и во Европа“, рече неименуваниот претставник.