Стејт департментот соопшти дека САД ќе воведат нови санкции кон Русија поради употреба на хемиско оружје во обидот за атентат на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал во Велика Британија.
Скрипал и неговата ќерка Јулија на 4 март беа пронајдени во бессознание во англискиот град Солзбери и повеќе недели беа во критична здравствена состојба. По излегувањето од болница тие се префрлени на тајна локација од безбедносни причини.
Велика Британија ја обвини Русија за нападот врз Скрипал и неговата ќерка. Москва негираше каква било вмешаност во инцидентот, што доведе до влошување на односите меѓу Русија и Западот.