Холивудскиот актер Бредли Купер е фотографиран во Њујорк додека се шета со својата ќерка, а неговиот имиџ го привлече вниманието на фановите.

Имено, на фотографиите актерот ја нема грижливо стилизираната фризура на која се навикнати женските обожаватели ширум светот, а брадата ја средил на поинаков начин, поради што многумина го исмејуваат на социјалната мрежа Х. Фризурата на Бредли изгледа неуредно, а на фотографиите делува како да му недостига дел од брадата, па неговиот нов имиџ беше причина за потсмев кај многумина.

„Имаме прашања“, „Чудна брада“, „Што по ѓаволите?

Инаку, актерот пред неколку месеци потврди дека е во врска со манекенката Џиџи Хадид, кога беа фотографирани како шетаат во Лондон фатени за раце. Гласините за нивната врска се појавија во октомври минатата година, откако неколку пати беа видени заедно. Двојката долго време се обидуваше да ја сокрие врската, а одреден период тајно беа во куќа на Род Ајленд, која е во сопственост на нивната пријателка, пејачката Тејлор Свифт.