Поранешниот член на групата Полис и страстен навивач на Њукасел, 66-годишниот Стинг, изненади со својата изјава со која, без размислување, ја обвини ФИФА за корупција.

– Повеќе сакам да гледам клупски фудбал. Светското првенство е премногу обележано со национализам, изјави тој за „Велт ам Сонтаг“.

Познатиот англиски пејач исто така рече дека не е среќен поради одлуката на ФИФА првенство да го додели на Русија.

-Беше тоа фарса, по кандидатурата се појави човекот наречен Путин и ги среди работите, прокоментира Стинг.

Англичаните во саботата ја победија Шведска и се пласираа во полуфиналето првпат по 1990 година.