Министерот за надворешни работи на Бугарија Светлан Стоев изрази сочувство за синоќешната трагедија во модуларната болница во Тетово, јави дописникот на МИА од Софија.

– Тажен сум и скршен од трагедијата со пожарот во Ковид болницата во Тетово, која однесе човечки животи! Нашето најискрено и најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите. Бугарија е солидарна со РС Македонија во ова тажно време, му напиша на Твитер шефот на бугарската дипломатија Светлан Стоев во пораката на Твитер до својот македонски колега Бујар Османи.