Еден 100-годишен маж оздравел од Ковид-19 и вчера бил пуштен од болница откако поминал 13 дена на лекување, што го прави најстариот пациент кој досега го победил вирусот.
Според кинеската агенција Ксинхуа, тој бил примен во болница на 24 февруари заразен со новиот коронавирус и здравствени проблеми како што се Алцхајмерова болест, хипертензија и срцева слабост.
Тој е меѓу групата 80 оздравени пациенти кои биле заразени со Ковид-19 и кои вчера биле отпуштени од болница во Хубеи, жариштето на епидемијата.
Пациентот е роден во февруари 1920 година и неодамна го прославил својот 100-ти роденден.