Според француските здравствени власти во земјата има над илјада потврдени случаи на заразени со Ковид-19, од кои 16 починаа – најмногу стари лица, со што Франција е меѓу земјите со најмногу заразени по Италија, јави дописникот на МИА.

Франција се уште се наоѓа во фазата два на претпазливост, но два француски департмани Оаз и Горна Рајна (Мулуз), каде жариштата на заразата се најголеми одлучија да ги затворат училиштата и детските градинки од утре во наредните 15 денови.

Околу 900 француски претпријатија кои се погодени од ширењето на вирусот, побараа да ја искористат можноста за парцијална невработеност за околу 1.5000 невработени, бројка која може да се зголеми за два пати во наредните денови.

Најмногу погоден од вирусот е секторот на туризмот и делумно транспортот. Владата веќе деблокирала  една третина од околу 52 милиони евра на проценети загуби.