Кога нема да знаете како да излезете на крај со проблемите кои се очигледни и меѓународната заедница веќе ги воочува, тогаш се вовлекувате во се поголеми проблеми, истакна претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа, говорејќи за неспособноста на власта на ДУИ и СДСМ за да се справи со проблемите.
Стоиљковиќ додаде дека Македонија со власта на СДСМ и ДУИ само уназади на сите полиња како што е образованието, здравството, економијата итн.
-Во недостиг на резултати, во потонатост во корупција, во потонатост на економијата, во потонатост на правната држава, во потонатост на судскиот систем, ништо не функционира реално, тогаш тие бараат помош од меѓународната заедница. Но, треба да знаат дека на 8-ми мај ќе изгубат на избори, граѓаните ќе ги казнат за се, нагласи тој.
Тој посочи дека не видел досега анкета каде Ковачевски убедливо води.
-Не знам на што се повикува господинот Ковачевски, но еве сега да му кажам дека кај македонскиот народ Мицкоски и тој стојат 47% – 17%, при што води убедливо Мицкоски со 47%, појасни Стоиљковиќ повикувајќи се на резултати од странска анкета.
Стоиљковиќ праша од каде со ваков резултат на анкета Ковачевски ќе има 61 пратеник.
-А, во однос на партиите е 39% – 16%, при што 39% е за ВМРО-ДПМНЕ. И ова е најнова анкета пред 7-8 дена, рече тој.