Како е можно полиција да врати притвореник од суд дома додека се подготвува наредба за активен притвор, за следниот ден да го бара за носење во притвор, а притвореникот веќе е избеган? Оливер Спасовски не одговори каде е лицето Наим Самиу од тетовско Шемшово, синот на познатиот Командант Баци о УЧК, којшто треба да е во притвор? – вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение следува интегрален текст од неговата прес-конференција:
Лице во домашен притвор за две дела, со решение за затворски притвор за трето дело, едноставно – си оди, бега и го нема!
Едно од прашањата во јавноста е дали Оливер Спасовски возвраќа услуга на Командантот Баци од УЧК, со тоа што синот не завршува во Шутка?
Дали е ова продолжеток на соработката со Командант Баци од времето кога СДС беше опозиција а Спасовски генерален секретар на партијата?
Наим Самиу бил во куќен притвор заради дрога, како и со мерка заради семејно насилство, кога на 13-ти месецов повторно е пријавен за семејно насилство.
На 15-ти месецов полиција го спроведува до суд за трето кривично дело. Истиот ден се готви решение за активен притвор, наместо куќен притвор. Полицијата, сепак, го враќа дома, а веќе следното утро, на 16-ти полицијата не го наоѓа дома за да го спроведе во истражен затвор.
Срамно, недостоинствено и целосно понижување на полицијата!
Зошто е враќан дома и оставен без обезбедување?
Зарем немало проценка дека ќе избега?
Или и тоа е дел од операцијата!
Почитувани, граѓаните ќе ја испорачаат сметката на следните избори.