Наум СТОИЛКОВСКИ
Почитувани,
Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ се уште не даваат конкретни одговори за именувањето на Зарко Милошевски за наследник на Виктор Димовски во АНБ, по огромниот скандал Онишченко којшто покажа изигрување на домашни и меѓународни процедури и стандарди токму од нив двајцата.
Тоа што Ковачевски и Зечевиќ не даваат одговори не значи дека прашањата бледеат. Напротив се појавуваат нови сознанија за вмешаност на пуленот на Зечевиќ во настани што се уште ја потресуваат Македонија.
Па затоа:
Ковачевски и Зечевиќ би требало да одговорат каква е улогата на Зарко Милошевски во случајот Диво Насеље од 9 мај 2015 година?
Дали Зарко Милошевски тогаш началник на единицата за екстремизам бил одговорен?
Дали тогаш Зарко Милошевски е директно одговорен во УБК за проценка на состојбата, а толкава група да се сместила во градот?
Да потсетам, во интервју од 2017 година, Горан Николовски од позиција директор на УБК, посочи на „лоша проценка“ на УБК за Диво Насеље.
Одиме понатаму. Ковачевски и Зечевиќ мора да одговорат дали Зарко Милошевски е парично награден со одлука на владата за Диво Насеље?
Дали неговото име е меѓу оние за коишто токму СДС гласно бараа списокот со наградени да се објави а парите да се вратат?
Па сега, Ковачевски и Зечевиќ нека се изјаснат, треба ли или не Зарко Милошевски да ги врати парите како награда за Диво Насеље?
Почитувани, Македонија тоне од кризи во кризи, корупција и криминал, а се повеќе и во безбедносен лавиринт, токму затоа што безбедносните служби ги претворија во пашалак за свои миленици и за свои партиски потреби.