СДС/ДУИ го потврди пресот од петокот дека цел викенд никаде ќе ги нема, поважен е викендот и партиските функции од катастрофата во Хирургија, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
-Доколку некаде ја видите д-р. Маја Манолева од СДС, потсетете ја дека е заменик министер за здравство! И прашајте ја дали е ова „нема откажување од иднината“ за кое водеше кампања два месеци? Или дали семејните бизниси, од приватно здравство до трговија со струја се поважни во моментов од Хирургија и колапсот на здравствениот систем? Д-р. Маја Манолева, заменик министер и потпретседател на лекарската комора, никаде ја нема. И уште едно прашање, дали таа ветува заштита на оние 12 директори кои функционираат на Хирургија и молчат пред проблемите? Здравството тоне, проблемот со Хирургија и уште повеќе немањето волја брзо да се реши не може да се исклучи од аспектот за намерно рушење, односно мини државен удар во здравството. Оттука, ќе поставам и прашања и до исчезнатиот министер Илир Демири, и до заменичката Маја Манолева, дали се работи за санација која би вредела 120.000 евра? Дали заради 120.000 евра, се создаде колапс на сиот здравствен систем? Каде е сега претприемачкиот дух на ДУИ, каде е претприемачкиот дух на семејството на Али Ахмети, или тој важи само за трговски центри и бизниси со енергенси? Дали СДС/ДУИ свесно креираа проблем којшто го уништи столбот на терцијалното здравство, Хирургија, 12 оддели се исклучени, а нив никаде ги нема, вклучително и директорите, вклучително и оние Заеднички служби, вклучително и економскиот директор и администраторите кои заминаа на Азурен брег? Праша, Стоилковски.
Тој потенцираше дека ова е срамно, недостоинствено, и над се неетички и нехумано. Трета недела нема никаков план за решавање на проблемот на хирургија, ниту пак некакви решенија се понудени. 12-те директори на оддели кои функционираат на Хирургија се уште немаат доблест да излезат во јавност и да проговорат за проблемите и за тоа колку пациенти со тешка медицинска состојба се оставени на чекање.
Одговорност ќе има, а неа нема да ја сноси повторно некој кабел! Додава портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.