Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски вели дека ако јавното соопштување за вработувањето на Ејупи во МНР е шовинизам, тогаш тој очекува Ковачевски да го осуди и отворањето на случајот во ДКСК за нејзините истовремени ангажирања во повеќе институции
„Притоа очекувам Ковачевски да ја осуди за шовинизам и првата жена на ДКСК“, додава Стоилковски
Со шовинистичката одбрана Ковачевски повторно не објасни како и зошто Бесмира Ејупи е вработена во МНР и како била ангажирана од повеќе институции во исто време, реагира на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, откако претходно денеска премиерот Димитар Ковачевски ја обвини опозицијата за шовинизам врз жените.
Премиерот Ковачевски тоа го кажа во насока тврдењето кое претходно го произнесе ВМРО-ДПМНЕ оти несудената конзулка во Њујорк, Бесмира Ејупи е вработена во МНР како соработник во одделението за правни работи.
„Ковачевски со изнесениот став и обвинување за шовинизам, покажува дека лично тој е шовинист. Едноставно, почувствувал потреба да ја брани нововработената во МНР како маж, според родова или полова припадност, а не да ги брани нејзините квалитети, да ги истакне нејзините квалитети и потребата од нејзино вработување во најпосакуваното министерство во Македонија, Министерството за надворешни работи“, вели на прес-конференцијата Стоилковски.
Стоилковски вели дека ако јавното соопштување за вработувањето на Ејупи во МНР е шовинизам, тогаш тој очекува Ковачевски да го осуди и отворањето на случајот во ДКСК за нејзините истовремени ангажирања во повеќе институции.„Притоа очекувам Ковачевски да ја осуди за шовинизам и првата жена на ДКСК“, вели Стоилковски.