Прашањето за вработувањето на поранешната презентерка и несудена конзулка Бесмира Ејупи во МНР е административно но и шовинистичко кон жените, oва го изјави премиерот Ковачевски и упати одговорите да се бараат во Министерството за надворешни работи.

Токму таму Ејупи чека на безбедносен сертификат и веројатно на дипломатско место, посочи вчера ВМРО ДПМНЕ.

Пред неколку месеци, Владата демантираше дека Ејупи е кандидат за конзул во САД, а во тек е истрага како таа станала корисник на хонорари во износ од 12 илјади евра од неколку државни институции.

За случај поврзан со Бесмира Ејупи се расправаше и во Антикорупциската комисија. ДКСК ја отфрли иницијативата на Државното првобранителство кое под раководство на Фехми Стафа тврдеше дека членот на антикорупциска Катица Николова имала судир на интереси поврзан со кадровска политика на Правобранителството во Велес.