Наум СТОИЛКОВСКИ

Повод: Фб коментар на @Nikola Todorov-

Си преживеал атентат? Ти си преживеал атентат? И тоа ти е аргументот за ова однесување?
“Мене су сине стрељали”?

Соочи се со реалноста:
Ти не преживеа! Тебе не те стрелаа. Тебе друго ти направија!

Затоа одеднаш ти го избришаа епитетот Доктор Смрт. А само Ти и Менгеле бевте синоними за Смрт за овие деца на комунизмот.

Затоа одеднаш Тебе ти текна да повикуваш на Референдум! Еј, ти, министер во три министерства, ти да повикуваш за промена на име?

Затоа одеднаш Тебе не ти пречи сиот циркус и насилство во Собранието за уставните измени. Правник, легалист, договарач на Пржино, “ринтач” за партијата и светите букви, за Македонија, да одмолчиш?

Затоа одеднаш те нема за кажеш ни збор, за животното дело кое што ќе останеше зад тебе а ти го уништија. Знаеш и сам за што се борат политичари, да остават нешто зад себе, за сеќавање. Ти го имаше проектот Клинички да остане зад тебе. Го имаше доведен до крај- и ти го избришаа, искинаа, уништија!

Еј, сиот труд! Молчиш за тоа како стар џубокс в агол без монета! Немаш збор!?

Ама имаш за партијата, во која три години те нема!?
И те зборат, те имало во мракот, по маси, каде делиш “совети” како да се уништи партијата, да се стави некој твој, да прифати се што онаа, да простиш, баграта, го стори на Татковината и народот. И дури и награди си делел?

Е “мој” Никола. Не доживеа ти атентат. Тебе не те ни стрелаа.

Државата доживеа обезимување, народот- обезличување.

А замисли само што херој ќе беше, ти да не преживееше атентат, а државата и идентитетот да останеа одбранети?

Молчи си. А ако зборуваш, почни од тоа кој ти става монети за секоја “песна”.