Наум СТОИЛКОВСКИ НА ФБ
СРАМОТА! Државниот сервис МИА ја игнорира опозицијата на секој можен начин.
„Денеска на празник дури нема ниту една фотографија од делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ на положување венци и искажување почит, до степен и пратеничката од опозицијата во собраниската делегација е во дефокус на пратеничката од СДСМ.
(МИА фотосервис)
Ама Заев и СДСМ го има од сите агли и пози! Нема фотографија од опозицијата, не ни биле, разбирате? Приватна журка на СДСМ!
Ете тоа е разбирањето за слободни медиуми, овој квази- сервис кој што освен што го смени името, станува сервис само и само за СДСМ, спроведува цензура, менува интервјуа, шири нарачки од власта, а директорот вработените ги дели по тоа кои биле “хард кор вмровци”, затоа што биле затекнати таму! Класична поделба на политички погодни и непогодни, класичен политички прогон во новинарството.
Ни Д од демократија со СДСМ, ни С од слобода и слободна реч!
Јавен сервис! Срамота“!