Глумецот Сашо Тасевски, кој беше поддржувач на шарената револуција и на Зоран Заев против „режимот“ на Никола Груевски денеска на социјалните мрежи реагира на тоа што за прославата на Денот на независноста 8. Септември, припадниците на власта за која се бореше и тој, ниту еднаш не го изговорија името Македонија.

– Гласавте за говеда без интегритет кои се срамат да ја изговорат именката Македонија дури и на денот на нејзината независност, напиша Тасевски на Фејсбук.

Инаку на Денот на независноста на Република Македонија, 8. Септември,  за власта денеска имаше прослава само за „нашата земја“ и „нашата татковина“.

Тасевски, неодамна објави опширно извинување до Груевски поради својот „минат труд“ во рушењето на „режимот“ и помошта што му ја пружил да дојдат на власт тие што сега ги нарекува најпогрдно.