Мафијата на власт водена од Зоран Заев не само што не се справува со анархијата со дивоградбите, туку и ја стимулира и учествува во неа. Крими театарот со „Мавровка“ застана, ама не застанаа дивоградбите. Чист евтин крими театар!
Мафијата која што гради на диво и потоа криминално легализира не застанува.
Откако Зоран Заев како градоначалник на Струмица го воведе принципот на криминално градење и уште покриминално легализирање на дивоградбите, градоначалниците на мафијата намигнуваат и практикуваат диви градби.
Почитувани,
Градоначалникот на мафијата во Ѓорче Петров гради кружен тек во Волково, тука зад мене, среде Волковска улица, со општински пари и пари од платежната агенција. Јавно повикуваме градоначалникот Наумовски, да го покаже и обзнани инфраструктурниот проект за овој проект, за овој кружен тек, односно дозволата за градежни работи.
Почитувани,
За да се гради сообраќајница, или кружен тек среде сообраќајница, мора да се има дозвола за градење. За да се добие таа дозвола за градење, мора да се има одобрен режим за сообраќај издаден од Град Скопје и од МВР. Без тие документи, дозвола, одобрение за градба нема, и градбата е на диво. Односно се гради дивоградба.
Почитувани,
Градоначалникот Александар Наумовски мора да каже дали има инфраструктурен проект, дали има сообраќајно решение, дали има меѓуопштинска соработка за да можат да градат на градска улица?
Градоначалникот на мафијата Александар Наумовски има градежен проект од Општина Ѓорче Петров кој што всушност не важи никаде и со него не може да се гради тука. Со него е невозможно да се извади траен сообраќаен режим, не може да се постави сообраќајна сигнализација, не може да се направи ништо легално!
За градба на сите улици, па и кружните текови мора да важи истото, прво сообраќаен проект одобрен од МВР и од Град Скопје, потоа се прави инфраструктурен проект, а дури потоа се гради!
Оттука го повикувам градоначалникот на мафијата на Ѓорче Петров, Александар Наумовски, веднаш да го приложи во јавност на увид одобрувањето, односно, документот за одобрен сообраќаен режим од Град Скопје и од МВР. Доколку го има, а во спротивно би ги потврдил сомнежите дека го нема и дека се гради на диво.
Ако го нема, гради дивоградба и тоа со општински пари, со пари од платежната агенција! Ова зад мене не е подготовка за градење, како што ќе сака да прикаже Наумовски, ова е веќе отпочната градба која веќе е до половина завршена. Наумовски мора да каже дали гради див кружен сообраќаен тек, без одобрение, што упатува на тоа дека не се гради ниту по стандарди?
Наумовски наместо да се фали со дивоградби, треба да почне да ги почитува законите.
Наумовски кој што треба да се грижи против дивоградбите, прави довоградби!
Тоа е чиста анархија и ништо повеќе од следење на примерот на творецот на нелегалната легализација на дивоградби на Зоран Заев!
Обвинителството и институциите мора да почнат да работат против проектите на мафијата!
Или мафија или Македонија!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ