Македонија гори, Стојанче Ангелов споделува цртежи на социјални мрежи! Македонија гори, Ангелов се фали со карикатури. Целосна одлепеност од реалноста на оној кому што му е оставена сета заштита на државата!
Ова го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на денешната прес конференција, од која текстот го објавуваме интегрално:
Се уште Македонија е во кризна состојба, се уште беснеат пожари, се уште шумите, селата, градовите, па и човечки животи се во опасност, а нема системски одговор, и нема одговорност! Наместо тоа, има карикатури од човек целосно неадекватен за позицијата.
Ова е прв пат волонтери од странство да дојдат да гаснат пожари во Македонија. А власта одмора, споделува цртежи и тера личен маркетинг! Напорите за справување со огнената стихија ја координираат Австријци, Словенци и други странци. Странските медиуми ја претставуваат Македонија како да е во 14 век, за тоа време унапредениот Стојанче споделува цртежи и си игра со гранчиња. Тоа е системот на СДСМ во кризна состојба, среде оган.
Власта дезертираше, среде кризна состојба. Замина на одмор, се врати, се сликаше, го изеде месниот нарезок на пожарникарите и повторно ја снема! Нема друг случај во Европа каде премиер и минситри дезертирале, ја напуштиле државата за време на соочување на земјата со голема криза и загрозени човечки животи.
Се уште нема одговорност. По две недели пеплосување коешто се уште трае, Не е формирано функционално централно кризно тело, со професионалци наместо циркузанти, нема свикана вонредна собраниска седница за информација за последните случувања со пожарите во Македонија. Нема одговорност за несервисирана опрема и ненавремена реакција.Системски одговор не е пораката „Се нека изгори, ние ќе платиме“, туку превенција, брза реакција, заштита на заедничките добра, шумите, полињата, градовите, личниот имот, заштита на човечките животи!Никој веќе не бара одговори од СДСМ и од Заев. Од СДСМ со Заев се бара одговорност!