Наум СТОИЛКОВСКИ

Ова е Коки, пратеник. Според Антикорупциска, има Пежо и лизинг за него. И кредитна картичка. Душичка од пратеник. Бездомник! Живее на улица! Вистински “левичар на Заев”!

Ама Коки е и измеќар на мафијата. Има и кола и стан во Скопје, се здоби и со семејна куќа во Струмица со откуп од банка, има и реновира вила во Суви Лаки претпоставувам наследство. Сега се пофали со нов мотор од 20.000 евра! Стариот не знам каде го остави!
И ништо од тоа не пријавува и ужива во заштита!
Билјано Ивановска, резил ја стори Антикорупциска!

А, ова погоре е последниот статус на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Стоилковски посветен на портпаролот на СДСМ, Костадинов. Оваа преписка почна откако Стоилковски ја објави поседната тура возење на Костадинов со нов мотор, по што овој му возврати дека (парафразираме) немал друштво, немал со кого што да сподели, па пишувал за Костадинов.

Но, настрана ова, навистина, што прави Билјана Ивоновска и Антикоруцписка, освен што држат прес конференции на кои нешто ќе кажат, па потоа се правдаат дека проблем биле прописите?