Каков блескав крај на годината за Оливер Спасовски!
Петмина кадри на Оливер Спасовски биле дел од крадење и шверц на луксузни коли од Белгија, Луксембург, Данска, Германија, Шведска, Велика Британија… Од Србија, Босна и Бугарија секако.
Кадарот на Оливер Спасовски внесувал крадени луксузни коли, ја избегнувале царинската контрола, се менувале броевите на шасија, ги регистрирале со македонски таблички.
Во кратко време по неколкупати ги препродавале еден на друг, а кадарот на Оливер Спасовски од МВР издавале регистарски таблици и сообраќајни дозволи со употреба на фалсификувани документи.
Но, не знам зошто веста се “продава” со наслов дека сопруга на некој од подземјето што на два пати избегнува куршуми низ Скопје била дел од екипата, како да е тоа изненадување.
Пет од 18 членови на групата се полицајци!
Срамота е што кадарот на Оливер Спасовски е на крај на веста, како небитен факт дека пет од 18 се дел од МВР!
Дали стана нормално и навика МВР да е дел од криминалот?
Навистина,
Никогаш не било полошо!