Вечерва околу 20 часот припадниците на ЕЗС Тигар го уапсиле лицето, Дрин Ахмети, се дознава од полициски извори.

Тој е во полициската станица „Беко“.

Според полициските извори во неговиот автомобил марка Ренџ Ровер било откриено големо количество на петарди.

Според истите извори Ахмети на припадниците на ЕСЗ Тигар им кажал дека поседувал фабрика за експлозиви.

Инаку, Дрин Ахмети (24) е внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а од неодамна и косопственик на трговскиот центар „Соравија“.

Тој не вложи ниту денар, а доби објект во центарот на Скопје. Купопродажбата ја правдаше пред медиумите, но никогаш не откри од каде е капиталот, иако вети дека информацијата ќе биде јавна во септември.

Во врска со ова, на ФБ профилот се огласи пратеникот Антонио Милошоски кој напиша:

„Доколку Спасовски не нареди полицаецот што го уапсил Дрин Ахмети (ДУИ) сам да се “удри во пајакот”, тогаш ова е членот од Кривичниот законик што треба да се примени: