Го читам деновиве плачот и лелекот против Референдум и секако против ВМРО ДПМНЕ, пишува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Акцијата ја спроведуваат партиските челници на антимакедонската СДС, познати антимакедонски медиумски автори, но и “комунистички рековалесценти” и разочарани полициски службеници сега како медиумски рекетари. Се ме потсетува на 1991! Видиш, не е прашањето асимилацијата, прашањето е дали вреди да се тера скап референдум наместо “државнички” да се спроведе предавство до крај и секако дали ВМРО… Ма се што може да биде против ВМРО, цел арсенал оставен на располагање: од алиби, до антиЕУ! Пак, се потсетува на 1991! Тогаш на пример било забрането да се зборува за Македонија и независност, дури и да се рекламира Референдумот во НИП Нова Македонија. Ете Колемишевски е жив сведок на времето. Прашајте го како се јавил да каже дека мора да дозволи рекламирање и баланс инаку “ќе ја запалат зградата”. Тогашното РТС (радиотелевизија Скопје) имала колегиум на којшто “политбирото” се залагало воопшто да нема програма којашто ќе опфаќа изборен ден! Да се минимизира, избрише денот на референдумот! Ама бунт на дел од уредниците создал изборна свечена програма, како што приличи. Ене ја Ана Пановска од тогаш, ама и Мирјана Димовска. Прашајте ги! И тогаш и сега најгласни и најдрски биле оние кои што имале некакви пресуди коишто требало да исчезнат, некакви судски процеси застанати на пола и оние со доказни материјали, папки (денеска може да се компјутери) одземени и останати во Обвинителството. А работата е многу јасна: Референдум за договорот со Бугарија, којшто докажува дека е антимакедонски и асимилаторски; за да тој не го кочи европскиот напредок. Ако на СДС му е страв дека цело членство ќе му излезе на Референдум, освен Заев, Криминалците на Спасовски и бандата на Зечевиќ; тогаш нека распишат избори, “достоинствено” ќе изгуби, па повторно ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе судбината во свои раце! И верувам би било така, само да не се плашат од Судот. И на правниот систем и на народот! Груби и Османи нека не се тревожат, нека не ги остава ова, како што би звучело “без мира”. И во 1991 излегоа само државотворно свесни луѓе! Се ме потсетува на 1991 и на поделбата ЗА и против Македонија! вели Стоилковски.