Петре Шилегов е фатен жив во криминал. Луксузниот објект на Шилегов семејната зграда во скопски Карпош е дивоградба. Шилегов нема дозвола за градба, ако ја имаше до сега ќе ја покажеа и Шилегов ама и неговиот соучесник во криминалот Стефан Богоев, изјави на денешната прес конференција, Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој рече доколку имаат дозвола да излезат нека ја покажат дозвола, нека покажат и ДУП според кој би била издадена дозволата.
– Шилегов нема дозвола и затоа бега од темата, бега и Стефан Богоев, бега сето киднапирано СДСМ. Шилегов го крши законот,но и Богоев го крши законот штитејќи го Шилегов. Почитувани, СДСМ ја штити урбаната мафија. Град Скопје и општина Карпош, ВЕДНАШ мора да ја стопираат градбата на семејната градба на Петре Шилегов и да почне процес на рушење, без одложување. Ако не го сопрат ова насилство на Шилегов, СДСМ Богоев ќе докажат дека се дел на урбаната мафија. Никој во соседството каде што живее Шилегов и каде ја гради семејната зграда во оваа урбанистичка четврт наречена Z 04, не сме да има куќа повисока од 8,8 метри, односно приземје, кат и поткровје. Само Шилегов на диво, додава цели два ката. Насилнички, со злоупотреба на моќ, Шилегов го обезвреднува имотот на своите соседи, го обезвреднува трудот на оние кои чесно градат и се занимаваат со градежништво, појасни Стоилковски.
Портпаролот истакна дека само Шилегов во оваа четврт, во овој реон и многу атрактивен дел од градот, гради четирикатница и тоа без дозвола.
– Сите други не смеат заради законот, односно би биле срушени од општинската или градската управа, само Шилегов гради затоа што му се може, затоа што е градоначалник, а Стефан Богоев му е ортак од мафијата, пардон- партијата. А сето тоа ги прави Петре и Богоев -Злосторничко здружување. Нема ништо полошо од Шилегов, нема ништо полошо од СДСМ за Скопје, заклучи Стоилковски.