Криминалци, битанги и медиокритети со синдром на слуги замислуваат дека ќе ме доведат во ситуација да му одам на гробот на татко ми и да речам: Извини ама ти си роден пред ’45, ти си Бугарин, пишува Наум Стоилковски во објавата на Фејсбук за споменот на својот татко, новинарот Благоја Стоилковски.
– Татко ми роден 1936-та како Македонец, ја преживеал фашистичката бугарска окупација, живеел и делувал како Македонец низ сите премрежиња на народот низ поствоените глобални кроења и прекројувања. И почина во 1998 како Македонец во независна Република Македонија, пишува Стоилковски.
Неговиот татко Благоја Стоилковски беше еден од водечките новинари во Македонското радио.
– Сега криминалци, битанги и медиокритети со синдром на слуги замислуваат дека ќе ме доведат во ситуација да му одам на гроб и да речам, “Извини ама ти си роден пред ’45, ти си Бугарин, ама па цел живот тоа не си ми го кажал”!? Како тоа го замислуваат? А бре марш, одродени! За парче бифтек ги продавате коските на покојните! Ништо нема да ве спаси од предавство, ништо! Најмалку понудените шарени стакленца!”, порачува Стоилковски.