Браво момци, радувај се Македонијо, напиша во честитката до македонските одбојкари, репрезентативецот и капитен на ракометниот шампион Вардар, Стојанче Стоилов.
Честитката е за синоќешната победа на машката одбојкарска репрезентација на Македонија, која направи подвиг на Европското првенство и го совлада домаќинот Словенија, среде Љубљана со 3:1. Со овој резултат Македонија се наоѓа на чекор до место во осминафиналето.
Стоилов и на тренингот на европскиот шампион го следеше преносот од одбојкарскиот натпревар во Љубљана.