За македонскиот репрезентативец Стојанче Стоилов падот на концентрацијата и падовите во играта биле пресудни за вечерашната игра на ракометарите. Тој смета дека не треба да си дозволат грешки на вака големи натпреварувања бидејќи ако секој од нив направи во една грешка-тоа се 16 грешки.
-Концентрацијата беше на ниско нив, имавме многу падови во играта. Недозволиво е на вакво натпреварување да се случуваат такви грешки. Вината е кај нас играчите. Недостигаше концентрација, секој по една грешка ако направи и натпреварот е загубен, смета Стоилов.