Денеска бев во маркет да испазарам, ме сретнуваат луѓе таму, ме поздравуваат како да сум херој, ми велат, секоја ти чест за реакцијата за дупката на мостот пред Драчево, раскажува за Фокус Стојанче Ангелов, директор на ЦУК и претседател на владејачката партија Достоинство.

Херојството за кое говори Ангелов се однесува и на неговиот аларм за дупка која се појавила на мостот кај Маркова Река, која претставува опасност за пешаците кои се движат по мостот.

Ангелов за Фокус појаснува дека е поставена сигнализација околу дупката, извршен бил увид, и надлежните институции ќе постапат понатаму.

За тоа што на социјалните мрежи имало шеги на негова сметка, додека позира под мостот и ја покажува дупката, раскажува дека не го погодуваат.

– Можеби дваесетина луѓе се шегуваат со мене, но илјадници ме поддржуваат и сфаќаат колку е важна посветеноста со која јас работам. Подобро некои да си прават шеги со мене, наместо еден ден да се случи несреќа, па да се бројат гробови. Дупката навистина претставува огромна опасност за возилата и за луѓето кои минуваат таму. Од горе, можеби и не изгледа така, но кога ќе се погледне од долната страна, од под мост, сликата е сосема подруга. Би се пошегувал со зборовите – Тази дупка не е дупка, туку е кратер!- вело Ангелов.

Тој додава дека луѓето кај нас, се свикнати да возат по дупки на асфалт, можеби и не биле свесни за каква опасност се работи, и среќа што возач на автобус, кој секојдневно минувал по мостот, му се јавил да го извести за дупката.

Извор: Фокус