Најдобра анкета се изборите кои ќе се оддржат есенва, изјави пратеничката Дафина Стојаноска одговарајќи на патетичните и измислени анкети, истресени од ракав во Гевгелија од страна на Венко Филипче, за некакви си имагинарни самозамислени 100.000 гласови помалку на контото на ВМРО-ДПМНЕ.
Лажат дури и кога лажат, вели Стојаноска во НАТКАСТ со Љупчо Цветановски, каде со доза на сожалување потенцира дека веќе не знае каков израз да употреби за опозицикста партијата во распад, посочувајќи дека доволен доказ е фактот што ВМРО-ДПМНЕ веќе имаме објавено 30-на кандидати за градоначалници, а СДС имаат само неколкумина, па дури и тие неофицијално.
-„Тие ќе имаат проблем кандидати воопшто и да им прифатат и да им се нафатат да се кандидираат за нив, со една ваква поразителна политичка партија воопшто и да одат во избори каде, буквално, само би изгубиле. Ние според нашите анкети кои што ги правиме, верувајте дека нема општина каде што немаме предност пред СДСМ. Најмалата предност е два спрема еден, а има општини каде водиме со 6 спрема еден, 7 спрема еден. Така што не знам кого би убедиле, сами себе да се гледаат во огледало и да си ги кажуваат овие лаги мислам дека оној од огледалото ќе се поколеба кога ќе го слуша ова. Но ова го заслужија, што вели народот „она што го дробиш, на крајот ќе го сркаш“, заслужиле некои и поголема казна, но таму очигледно има уште ликови кои слепо веруваат во она некогашно СДСМ, но ова денешново СДС нема ни траги од тоа. Имало таму лидери поинакви од Филипче. Но можеби ова и заслужува тој како партнер со муртинскиот криминалец кој што и го има нанесено најголемото зло на Македонија, за што и беа ортаци. Ги гледаме наградите за сите овие нечесни државни договори кои тие си ги ползуваат во некои далечни егзотични земји, за што мислам дека и голем дел од членството им е разочарано. Не бадијала се формираше и веќе е владин парнер ЗНАМ, токму поради ваквите нечесни политичари ов СДСМ. Но што заслужиле, тоа и нека си го живеат,“ истакна Стојаноска во НАТКАСТ.